На 03/04.06.2022 во периодот од 21.00 до 03.00 часот во близина на Граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции сопрени биле шест патнички возила- комбиња кои вршеле јавен меѓународен превоз на патници без лиценци и друга соодветна документација: возило “мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.А., во кое се превезувале осум патници, возило “пежо партнер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано до Л.А., во кое се превезувале тројца патници, возило “фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.П., во кое се превезувале осум патници, возило “фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.П., во кое се превезувале осум патници, возило “мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.А., во кое се превезувале осум патници и возило “фолсваген каравел“ со италијански национални ознаки, управувано од Б.М.(со регулиран престој во Италија) во кое се превезувале шест патници.
Од страна на полициските службеници од ОГРМ во соодејство со Државен инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски преземени се соодветни мерки и активности, возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни пријави.
Извор: МВР