Истражувачи од шведскиот Технолошки универзитет Шалмерс дизајнираа систем кој може да складира соларна енергија во течна форма и да ја чува енергијата 18 година. Тимот го тестирал системот, наречен Molecular Solar Thermal system (MOST)со поврзување на термоелектричен генератор и покажале дека произведува електрицитет.
Универзитетскиот тим работел на оваа технологија повеќе од една деценија и веруваат дека нивната иновација ќе може да се користи за напојување на електорнски уреди кои не трошат толку струја и по потреба.
Системот е дизајниран со специјално равиени молекули на јаглерод, водород и азот, Кога тие молекули ќе дојдат во контакт со светлина атомите во нив го менуваат редоследот и се претвораат во изомери богати со енергија зачувана со течна форма. Импресивно е тоа што истраѓувачите дека дека нивниот систем ја зкладира енергијата до 18 година, а се ослободува со посебен катализатор кој ги враќа молекулите во првичната форма и ја ослободува енергијата во вид на топлина.
Шведските истражувачи соработуваат со научници од кинескиот Универзитет Џиао Тонг во Шандај, кои користеле термоелектричен генератор за таа топлина да ја претворат во електрицитет.Генераторот е ултратенок чип кој може да се интегрира во електронски уреди како слушалки, паметни часовници и телефони, велат кинеските научници. Досега тие успеале да генерираат само мали количини електрицитет, но новите резултати покажуваат дека концептот навистина функционира.
иновативност.мк