Азески: Државата, граѓаните и компаниите мора да почнат да штедат

Државата веднаш да преземе мерки кои би значеле пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима, изјави денеска Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Тој на денешниот економски настан побара од државата, граѓаните и компаниите да штедат, особено да ја штедат електричната енергија.

Според него, има и сериозни индикации дека има невообичаени движења кај фирмите во делот на трансакциите, особено кај фирмите кои се бават со трговија и оти можно е да има инфлаторен притисок од таа страна. Затоа, според него, потребни се контроли кои ќе бидат во таа насока да се направи обид да се спречат определени процеси кои можат да влијаат на севкупната економија.
Тој денеска изјави дека државите мерки се насочена кон граѓаните, но не и кон компаниите.

 

 

Раадио Слободна Европа