Загинати најмалку 13 лица при излетување на воз од шини во Иран

0
392

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога рано утринава патнички воз делумно излета од шините во источен Иран, соопштија властите.

Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем, иако не се разјаснети сите околности за несреќата и не се знае точно колку патници имало во возот.

Четири од седумте вагони излетале од шините пред зори недалеку од пустинскиот град Табас, на околу 550 километри југоисточно од Техеран, објави иранската државна телевизија.

Спасувачките тимови и хеликоптери се на лице место во оддалечена област каде комуникацискиот систем е лош. Најмалку 16 луѓе претрпеле сериозни повреди опасни по живот, а некои се префрлени во локалните болници, според АП.

makfax