Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Грција

0
294

Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми компатибилни со болеста, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вчера соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба.

Објаснуваат дека првичниот тест спроведен во Централната лабораторија за јавно здравје на ЕОДИ за „non-variola orthopox“, вклучително мајмунски сипаници, бил позитивен, а примероците биле испратени и во Лабораторијата за микробиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун за потврда на вирусот.

МИА