Отворен Балкан ја зголеми трговската размена со Србија и Албанија

0
322

Трговската размена со Србија и со Албанија е зголемена за по околу една третина, има повеќе туристи, слободен проток на работна сила, а се најавува и соработка за справување со кризата со енергенси и храна. Албанската министерка за финансии и трговија Далина Ибрахимај и нејзината српска колешка Татјана Матиќ за РСЕ зборуваат за бенефициите и за очекувањата од оваа регионална иницијатива.

Зголемена трговска размена, повеќе туристи, економско јакнење на граѓаните се само дел од бенефитите што ги почувствувале трите земји кои ја чинат иницијативата Отворен Балкан, велат за РСЕ министерките за економски сектори на Албанија и на Србија. Оваа иницијатива формирана во 2019 од страна на лидерите на Македонија, Србија и Албанија веќе ги дава првите резултати вели албанската министерка за финансии и трговија Далина Ибрахимај. Договорот не е само на хартија, економскиот развој веќе се гледа, вели министерката за РСЕ.

Радио Слободна Европа