Двајца цариници добија по шест години затвор

Пресуда за дел од цариниците кои овозможиле шверц на лекови за производство на екстази. Вчера скопскиот кривичен суд казни четворица од осум обвинети цариници кои признаа вина за делото криумчарење, објави Алсат.

Двајца цариници се казнети на по шест години затвор, додека двајца добија условна казна од по шест месеци ако во наредните 2 години сторат друго дело. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое го отвори случајот најави жалба на овие пресуди, соопштија од обвинителството.

Истрагата беше отворена лани во декември, во која според обвинителството, се утврди дека цариници, полицајци и други лица во два наврати организирале неовластено пренесување на таблети, а четворицата царински службеници овозможиле прекурсорите да поминат на граница. Судската постапка продолжува за оние кои не признаа вина.

извор: Алсат.

фото:Архива