Во хеликоптерот што исчезна во Италија имало четворица Турци

Во хеликоптерот што исчезна вчера во Италија се наоѓале четворица Турци кои работат за една приватна компанија во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите до кои дојде дописникот на Агенција Анадолија (АА) од дипломатски извори, четири од вкупно седумте лица на хеликоптерот од типот „Аугуста коала АВ119“, кој исчезна на радарот по вчерашното полетување од Аеродромот „Капанори Тасињано“ во градот Лука, биле турски државјани кои работеле за една приватна компанија од Турција.

Турската амбасада во Рим е во близок контакт и со италијанските власти и со претставници на турската компанија во врска со состојбата на Турците во хеликоптерот.

Потрагата по хеликоптерот, за кој беше објавено дека исчезнал на границата на регионите Тоскана и Емилија-Ромања, беше прекината синоќа, а се очекува таа да продолжи денеска во утринските часови.

Во хеликоптерот имало вкупно седум лица, меѓу кои италијански пилот, четворица Турци и двајца Либанци.

Во медиумите пишуваше дека хеликоптерот обезбедува услуги за транспорт на клиенти до компанијата „Рото карт“, која продава производи за хигиена и чистење на домаќинствата.

 

Извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).