Жител од Голема Речица, наточил гориво за 5.000 денари и заминал без да плати

0
367

Вчера во 16.30 часот во Полициското одделение Теарце, А.Б.(29) од тетовско Нераште, вработен на бензинска пумпа на регионален пат Тетово-Јажинце, пријавил дека околу 12.15 часот Т.И. од тетовска Голема Речица наточил гориво во своето возило во вредност од 5.000 денари и заминал без да плати.

Се работи на расчистување на случајот.

фото: Архива