На 10.06.2022 во 21.15 часот во кругот на основно училиште во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода: Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од с.Стримница, тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна.
Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
извор: МВР
фото: Архива