ВМРО ДПМНЕ: Оставка и извинување од Ковачевски за понижувањето кое и го приреди на Македонија

Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија. Едно збори пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:

Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања.

Во стилот на измеќар од Македонските Народни Приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски.

Потребно е Ковачевски поради оваа скандалозна изјава веднаш да си даде оставка и да се извини.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: PRTSC