„Ем шуто ем боде“, вака СДСМ го правда Ковачевски за понижувањето на Македонија, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
223

„Ем шуто ем боде“, вака е однесувањето на СДСМ со оправдувањето на чекорот на Ковачевски кој гласно се смее на изјавата дека Македонија ќе биде западна Бугарија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истата од партијата додаваат:

Бидејќи така со неподнослива понизност реагираат и се однесуваат нема идентитетско обележје кое не го доведуваат во прашање.

Нема понижување кое и го приредија на земјава, а СДСМ која се однесува како антидржавен елемент, да не го оправда.

Од денес предавствата и понижувањата на Заев паднаа во сенка, понижувањата на Ковачевски ги надминаа тие на Заев.

Срамно е што СДСМ оправдува изјава во која се негира Македонија.

Ковчевски и СДСМ се срам за Македонија.

Итна оставка на Ковачевски и извинување до граѓаните на Македонија.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: PRTSC