Српски фолк пејач убиен во Холандија

Фолк пејачот од Нови Пазар, Енвер Мики Колашинац е убиен рано утрово во Холандија

Според неофицијални информации, непознатиот сторител чекал во раните утрински часови, а потоа со неколку истрели го убил Колашинац.

Колашинац живеел во Нови Пазар, а повремено престојувал и во Холандија и Австрија.

Брате мој, прерано ја примив веста дека не напушти, дека те убиле проклетите. Душата ми е скршена. Ме остави, но засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сега си во тој свет со нашиот татко- напиша неговата сестра Ајша на социјалните мрежи,

Мотивот за убиството не е познат.

фото: Printskrin: Youtube/Grand Production