Во средата на граничниот премин Прешево е упасен поранешнен функционер на украинската разузнавачка служба СБУ, Андриј Наумов. Тој на 31 март официјално бил разрешен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, под обвинение за велепредавство бидејќи ја напуштил земјата непосредно пред руската инвазија и го испратил своето семејство во странство, објави „Објектив.рс“.
Наумов е уапсен на граничниот премин заедно со германски државјанин кој бил негов возач, под сомнение дека перел пари. Нивното апсење го соопшти и МВР на Србија.
– На граничниот премин Прешево, при преглед на автомобил БМВ управуван од А. Тие се товарат дека имале намера преку граничниот премин да пренесат пари и скапоцени камења за кои постои сомневање дека потекнуваат од криминални активности и да ги изнесат надвор од Република Србија – се вели во соопштението на МВР.
Украинските медиуми пишуваат дека постои страв дека Наумов поседува бројни украински државни тајни и би можел да се обиде да ги тргува во замена за својата слобода.
Планот на Наумов бил преку Прешево да влезе во Македонија, а потоа понатаму во Грција. Неговиот сопатник Германец му послужил како параван да ги мине граничните премини.
извор: „Објектив.рс“.
фото: „Објектив.рс“.