ВМРО ДПМНЕ: Вистината боли, Македонија има една од највисоките инфлации!

СДСМ реагира на објавените податоци за инфлацијата со мај 2022 година зошто вистината ги заболе до коска. Во постот на г-ѓа Маја Кадиевска Војновиќ, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, убаво стои “од објавените податоци со мај”, што значи дека се коментираат само објавените податоци со мај, а тие што не се објавени нормално и не може да се коментираат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:

А каква е ситуацијата со април ако СДСМ сакаат да знаат колку се успешни во справување со инфлацијата?

И во април 2022 година, Македонија има една од највисоките стапки на годишна инфлација од 10,5%. Само 12 држави имаат повисока инфлација од нас (со Турција 13 којашто е екстерем со 70% годишна инфлација), додека 23 држави имаат пониски годишни стапки на инфлација од Македонија. Пониска инфлација во април имаат и земјите од регионот како: Хрватска, Србија, Грција, Словенија и Албанија.
Воедно, и во април и мај инфлацијата во Македонија е повисока од просекот во еврозоната и во Европската Унија. А каква ќе биде инфлацијата во јуни по прекинот на мерките од страна на оваа Влада на СДСМ и ДУИ? Ќе ја вивнете ли Македонија според инфлацијата до врвот на листата?

Но, суштината е дека лошите политики на оваа Влада и на централната банка, закаснетата реакција и не-континуираната борба за сузбивање на инфлацијата нѐ втурнаа во историски висока инфлација, највисока од 1995 година наваму. Инфлацијата сите ја чувствуваме, како што ја чувствуваме и неспособноста на оваа Влада да ги реши предизвиците пред коишто е исправена.
Колапсот во домашниот енергетски систем заради криминали, којшто ни услови скап увоз на електрична енергија и губење на девизни резерви, хаосот на преземени и сега прекинати мерки за намалување на инфлацијата, креирањето на јавен долг до плафон без да се стимулира економски раст и којшто ќе тежи на идните генерации – Е ВИСТИНАТА КОЈАШТО БОЛИ.

По остварениот економски раст од 2,4% во првиот квартал на 2022 година сме на дното во Европа! Зошто за ова не реагираше СДСМ? Или си ја призна неспособноста!
Доста е! На протест и на предвремени парламентари избори!

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: Архива