Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони повторно реагира и најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која, како што стои во соопштението, продолжува да повторува веќе изнесени невистини поврзани со работата на ТИРЗ.
Според Дирекцијата, дека целта на договорот за „Мониторинг на државна помош“ е да се спроведе внимателна и детална проверка на сите барања за исплата на државна помош токму за да се осигура заштита на јавниот интерес и парите на граѓаните.
„Токму преку Дирекција за ТИРЗ, Владата минатата година обезбеди рекордна државна поддршка за компаниите во висина од 720 милиони денари, а трошокот за ангажман на меѓународната ревизорска куќа Прајсвотерхаус Куперс која ги мониторираше исплатите се под 1% од оваа сума.
Во компаниите во ТИРЗ само во изминативе 12 месеци се креирани околу 1000 нови работни места, за првпат платите во Зоните се 3% над националниот просек, а компаниите во буџетот уплатиле над 2 милијарди денари само по основ на данок на плати и надоместоци, како и социјални осигурување, што е за 12% повеќе од претходната година. Она што охрабрува е дека ваквиот позитивен тренд продолжува и годинава во услови на глобална политичка и економска криза“, се наведува во соопштението од ТИРЗ.
Оттаму додаваат дека со воведување на вакви механизми ТИРЗ работи единствено во заштита на јавниот интерес и „нејасно е чиј интерес застапува политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и зошто и кому му пречи проверката на барањата за исплата на државни средства“.
извор: ТИРЗ