Рекордна годишна инфлација трет месец по ред во Германија

Годишната стапка на инфлација во Германија во мај се зголеми за 7,9 отсто во однос на истиот месец минатата година, објави денес Федералниот завод за статистика (Дестатис), јавува Агенција Анадолија (АА).

Иако бројката беше во согласност со пазарната проценка, потрошувачките цени во април пораснаа за 7,4 отсто на годишно ниво. На месечна основа, потрошувачките цени во мај пораснаа за 0,9 отсто во однос на претходниот месец.

Станува збор за најголем годишен пораст на потрошувачките цени од 1974 година.

„Стапката на инфлација го достигна највисокото ниво од обединувањето на Германија трет месец по ред“, се вели во изјавата на Георг Тиел, претседателот на Дестатис.

Како што наведе Тиел, главна причина за високата инфлација и натаму е растот на енергенсите, но и поскапувањето на многу други стоки, особено на храната.

Цените на енергијата во мај се зголемени за 38,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, објави Федералниот завод за статистика на Германија.

Додека цената на мазутот се зголеми за 94,8 отсто на годишно ниво во мај, цените на природниот гас се зголемија за 55,2 отсто, а цените на моторните горива за 41 отсто, објави Дестатис.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).