Скендер Реџепи ја напушта Алтернатива – ќе делува како независен пратеник

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напушта партија и во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој за оваа одлука официјално го извести собранискиот претседател, Талат Џафери. Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА.

извор: Фактор.мк

фото: Фактор.мк