Причина за уривање на плафонот од градинката во Карпош e лошо и неквалитетно градење вели градоначалникот Јакимовски

0
340

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

„Се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година. Ќе побарам измени во буџетот и итно да видиме што ќе кажат стручните лица, како да извршиме санација“- додаде Јакимовски.

Инаку, за овој дел од градинката власта на СДСМ дури во 5 наврати организираше настани за да се пофали со објектот. Почнаа од темели, па правеа увид, ја следеа изградбата, па на крај организираа свечено отворање. На овие настани се фотогравираа поранешниот премиер Заев, екс-министерките Шахпаска и Царовска, и тогашниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.

извор: ФБ Стевчо Јакимовски

фото: PRTSC