Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. др. Христијан Мицкоски одржа состанок со претседателите на партиите дел од Коалицијата за Обнова на Македонија.
На состанокот претседателите на сите партии беа едногласни дека со секој поминат ден со СДСМ и ДУИ на чело на владата народот живее се полошо, криминалот е секојдневие, а сиромаштијата се повеќе ни се заканува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во истото од партијата додаваат:
Премногу е од оваа власта, е генералниот заклучок од средбата, констатација која што велат не е само нивен став, туку и на стотици илјади граѓани низ државата.
Претседателите на политичките партии дел од Коалицијата за Обнова на Македонија дадоа поддршка за протестот во сабота на 18-ти јуни, и сите политички партии учествуваат во негова подготовка и се поголема масовност на истиот.
Пораката која власта одамна одбива да ја прими е дека е премногу, и дека мора да се распишат предвремени парламентарни избори, за на чело на државата да застане политичка коалиција која ќе ја извади Македонија од кризите во кои СДСМ и ДУИ не втурнале.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ