Фокус: Петков предложил Бугарија да се откаже од негирањето на македонскиот јазик

Премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковната позиција донесена од Народното собрание и Владата на Бугарија, но тој беше одбиен од МНР, рече шефицата на бугарската дипломатија во оставка Теодора Генчовска на сослушувањето пред пратенциите во Парламентот во Софија за преговорите со Република Северна Македонија, објави Фокус.

Според Генчовска, во предлогот на Петков го немало бугарскиот став за македонскиот јазик.

Генчовска, како што јави БГНЕС, оцени дека преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив, како што наведе, е „формулацијата на т.н. македонски јазик во историска и етничка смисла“.

Текстот во целост на: Фокус.

фото: BGNES