Пендаровски: Денеска во Охрид ја посетив „Костал Македонија“ дел од германската групација за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија

0
467

Преку континуираната посветеност на целиот тим, низ технолошко развиен, напреден и софистициран процес, компанијата постигнува резултати кои се ценети на глобалниот пазар, придонесува за личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата.

За време на посетата, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.

Во разговорот со генералниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, претседателот бил информиран дека низ технолошки развиен, напреден и високо софистициран процес, фабриката произведува и делови коишто се вградуваат во најмодерните електрични и хибридни возила.

Претседателот Пендаровски бил информиран дека компанијата придонесува и на домашен план, поттикнувајќи личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата, а воедно разговарал и со млади инженери кои посетуваат тренинг во „Костал Македонија“.

 

 

maktel.mk