Младенче на мечка, кое не можеше самостојно да се храни откако ја изгуби мајката, пронајде безбедно засолниште меѓу луѓето во источниот турски град Ван, јавува Агенција Анадолија (АА).
Младенчето, кое на 19 април го пронајдоа жителите на Хакќари, во населбата Чукурџа предадено е на органите за заштита на животни.
Мечето по име Хаџуван (изведено од Хакќари-Чукурџа-Ван) е префрлено во Центарот за заштита и рехабилитација на диви животни на Универзитетот „Јузунџу Јил“ во Ван поради нега и лекување.
Кога младенчето оздравело и почнало да расте, се спријателило со луѓето кои се грижат за него и со кои секојдневно си игра. Се храни со млеко од шише, со оглед на тоа што сѐ уште не е во состојба да јаде исклучиво цврста храна.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).