Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од врвен приоритет, истакнато на средбата Ковачевски- Мишел

0
332

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на редбата утринава во Охрид за време на Преспа форумот се согласиле дека по руската агресија на Украина забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ стана врвно прашање од највисок приоритет, вклучително со зајакнување на отпорноста на регионот од влијанијата на трети страни. На средбата, на која присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Ковачевски истакнал дека Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите и врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година.

Ковачевски и Мишел на средбата разговараа и за учеството на Македонија во повеќе регионални проекти поддржани од ЕУ, особено во делот на соработката во енергетиката како што е интерконекторот за гас со Грција, гасната централа во Александропулос и гасното поврзување со Србија и Косово, кои се поддржани од средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ.

независен.мк