Дендиас – Иднината на С. Македонија и Западен Балкан е во ЕУ

Иднината на Северна Македонија, иднината на Западен Балкан е во Европската унија, во европските вредности, во заедничкиот простор на правото и заштита на човековите права, порача денеска министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изјава за грчките новинари по неговото пристигнување на Преспа форумот, кој се одржува во Охрид.

Дендиас во кусата изјава, рече дека мора да се одбијат влијанијата на фактори кои би сакале да го одведат регионот во друга насока, поинаква од ЕУ, меѓународното право, европските вредности.

 

Радио Слободна Европа