Велика Британија воведе санкции за рускиот патријарх Кирил

Велика Британија воведе нови санкции за руски функционери. Новите санкции ги опфаќаат руската Комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил. Британија воведува санкции против Москва поради нејзината неиспровоцирана инвазија на Украина.

Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот, со што се спречени оние кои се санкционирани да работат со британски банки или компании, како и забрана за летање во Британија.

 

Радио Слободна Европа