Апасиев со ФБ пост: Крвопис е и Ваташа!

0
512
На 79 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци во знак на почит и жалост Црвена Младина положи цвеќе на споменикот во Моклиште.
На местото каде што денеска се наоѓа споменикот, пред 79 години, од раката на бугарскиот фашистички окупатор, трагично загинаа 12-те младинци од с. Ваташа, кои беа соработници на НО движење.
Со цел спречување и уништување на револуционерното партизанско движење, утрото на 16 јуни 1943 беа стрелани: Перо Видев, Ванчо Гурев, Данко Давков, Илија Димов, Ристо Ѓондев, Блаже Ицев, Пане Мешков, Герасим Матаков, Ферчо Поп Ѓорѓиев, Васо Хаџијорданов, Диме Чекоров и Пане Џунов.
Ние не ве заборавивме! Вечна ви слава херои!
-пишуваат во ФБ објавата од Црвена младина.
На 16 Јуни 1943г. на роденденот на бугарскиот престолонаследник на најѕверски начин се убиени 12 младинци од Ваташа меѓу кои деца и ученици.
Најстариот Васил Хаџи Јорданов имал 28 г. а најмладиот 15 год.
Откако биле уапсени младинците бугарската полиција ги однела во селската кафеана каде се одвивало крваво иследување со тепање и измачување.
Левица