ВМРО-ДПМНЕ: Не смееме повеќе да дозволиме да имаме богата влада, а гладен и сиромашен народ, повикуваме на обединување и промени

0
323
Сиромаштија, беда, превисоки цени на прехранбени производи, поскапи горива, поскапа електрична енергија, ниски плати, висока инфлација, руинирано здравство, катастрофално образование, економски колапс, несигурен откуп и ниски откупни цени на земјоделските производи, распродадени национални и државни интереси, зголемен број на иселени граѓани, криминал, корупција, тендери во четири очи, се работите со кои се соочуваат граѓаните изминатите пет години со владата на СДСМ и ДУИ.
Ова се работи кои ги мачат сите граѓани и токму затоа мораме заедно да ја промениме лошата реалност.
Повикуваме на обединување на народот и приклучување на патот на промените, за да ги заштитиме граѓаните и да ја зачуваме државата.
Доста е од поделби. Доста е од препукувања. Доста е од популизам. Доаѓа време кога мораме да се избориме за систем, вредности, сигурност и иднина.
Не смееме повеќе да дозволиме функционерите на владата на СДСМ и ДУИ да ужуваат во бенефициите на функциите, а народот да осиромашува. Не смее да дозволме да имаме богата влада, а гладен народ.
Криминалната влада на СДСМ и ДУИ не се руши само со една битка, туку со многу битки и труд. Но, само обединети и сплотени можеме да се избориме со оваа ненародна и корумпирана власт.
Само рамо до рамо можеме да покажеме дека гласно се спротивставуваме и бараме промени. А промените доаѓаат со организирање на предвремени парламентарни избори и конечен пад на владата на СДСМ и ДУИ.
Почитувани граѓани, борбата за подобра иднина, за поквалитетен живот, повисок стандард и подобро утро не обединува сите нас, затоа ве повикуваме да ни се приклучите во промените и да излеземе сите заедно на големиот народен протест за промени во сабота 18 јуни во 20:00 часот пред Владата на Република Македонија и да порачаме дека сме одлучни во нашите барања.
Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка и политичка припадност, да ни се приклучат на „Протестот за промени“ и заедно да порачаме дека премногу е!
vmro-dpmne.org