Пешевска:Вечерва ќе испратиме силна порака дека е премногу од погубните политики и националните понижувања кои власта ги прави во последните 5 години

Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на вестите во телевизија Алфа зборуваше за митингот кој вечерва ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи пред Влада кој всушност ќе претставува одговор на погубните политики кои власта предводена од СДСМ ги прави во последните 5 години.

-Веќе течат последните подготовки за вечерашниот сенароден митинг овде на платото пред Владата. Овој митинг кој го подготвувавме повеќе од месец дена и во последниве денови всушност во општинските комитети се бара возило плус за да дојдат што повеќе луѓе. Тоа ни кажува дека има огромно незадоволство и овој митинг ќе биде една силна порака, еден одговор на погубните политики што сме сведоци последните 5 години, како што гледаме последните 5 години во било која област  што и да донесоа законско решение предизвикаа силен револт. Всушност ние завршуваме како земја со највисока инфлација во регионот, со највисок јавен долг, со највисоки цени на  прехрамбените производи, на нафтата, на струјата, а во исто време со најниски плати, со најмалку капитални инвестиции, значи нема изградба на автопати, болници, но затоа имаме непродуктивни трошоци од страна на Владата. Овој митинг е еден од чекорите кои беа превземени претходно, нели претседателот Христијан Мицкоски понуди рака на Димитар Ковачевски  но тој ја одби, како и се што одбиваат, потоа беше активната блокада во Собрание кое сеуште трае и следствено е овој митинг вечерва кој не само од членовите на партијата всушност и неопределените граѓани кои  искажуваат големо незадоволство во сите ресори, рече Пешевска.

Пратеничката во текот на своето гостување порача дека со овој митинг ќе се испрати една силна порака дека е премногу од овие погубни политики и национални понижувања од страна на владата.

-Да пратиме една гласна порака дека е премногу од овие погубни политики, од овие национални понижувања и дека треба промени, дека решение се предвремените парламентарни избори со кои оваа Влада треба да се тргне од власт затоа што нема веќе капацитет да остане на власт, додаде таа.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ