Затворена е мензата во „Кромберг и Шуберт“ во Битола, 37 вработени појавиле симптоми на труење со храна

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ја затвора втората менза во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, откако кај нови 30 вработени се појавиле симптоми на труење со храна.

Според информациите од ДЗСИ за „Макфакс“ заедничко за сите е консумирање на салата со краставица, домат и пченка.

Претходно неделава симптоми на труење пројавија седум лица кои завршија во битолската клиничка болница пришто едната од мензите беше веднаш ставена под клуч.

фото: Prizma.mk