(ВИДЕО) Шведска манекенка окупира остров во Хрватска – има само гумен чамец, намирници, облека, неколку кокошки и куче…

Хрватите имаат проблем со шведската манекенка Изабела Виола Линдблом (31). Медиумите објавуваат дека таа отишла во Хрватска пред една година, најпрво на летување, но проблемот настанал кога одлучила едноставно да се досели на малиот пуст остров Јаз и да го прогласи за свој.

Таа се довеслала на островот во гумен чамец, во којшто ги пренела сите потребни работи: лежај (што го врзала за дрво), намирници, облека, неколку кокошки и куче…

Изабела почнала да сади мала градина, а намирниците ги набавувала од локалните жители.

Од институциите за Хрватските медиуми велат дека имаат проблем да ја протетраат од Хрватска и покрај тоа што нема повеќе право за престој, затоа што има премногу пари, и сите казни си ги плаќа.

Јаз е оддалечен можеби педесетина метри од копно со морски канал. На двата брега Изабела има еден гумен чамец и така преминува на копно.

извор: DNEVNIK.hr