Овој пат се приклучивме кон акцијата „Подај рака, насмевни дете” и дониравме книги, детска облека и играчки за СОС Детско село.
Како Црвена Младина редовно, во рамки на нашите можности, помагаме онаму каде што е најпотребно вклучувајќи се и организирајќи хумани акции.
Она што за нас е ништо, за некого значи многу. Овој пат придонесовме за детски насмевки.
Исто така, Црвена Младина како партиски подмладок, покрај заложбите за младински политички активизам, ги охрабрува нејзините членови, како и сите млади луѓе, во што поголем број да учествуваат на вакви настани и да ја искористат секоја прилика да придонесат да се направи позитивна промена, истакнуваат до Црвена Младина.