Ковачевски: Владината коалиција е стабилна, единствена, ефикасна во работењето, но најважно од сѐ е посветена на подобрување на животниот стандард

Денес, заедно со коалиционите партнери се собираме во исклучително сложен политички, економски и безбедносен амбиент. Условите во кои Владата и парламентарното мнозинство функционира се најтешки до сега, се наоѓаме во најголемата економска, енергетска, ценовна и безбедносна криза по Втората Светска Војна, напиша на својот ФБ профил премиерот Димитар Ковачевски.

Во продолжение на објавата премиерот додава:

Со овој наш состанок ние покажуваме врвна и целосна посветеност, одговорност и фокусираност во решавањето на проблемите на граѓаните.
Владината коалиција е стабилна, единствена, ефикасна во работењето, но најважно од сѐ е посветена на подобрување на животниот стандард и интересите на граѓаните и државата.

извор: ФБ Димитар Ковачевски

фото: ФБ Димитар Ковачевски