Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин деновиве добија покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија.
Лани во Лерин судските власти ја регистрираа невладината организација Центар за македонски јазик чија цел е изучувањето на македонскиот јазик. Ова веднаш беше оценето како многу важен настан во Грција, а македонските политичари потписници на Преспанскиот договор ова веднаш го оквалификуваа како само еден од големите успеси на потписот во Нивици на 17 јуни 2018 година.
Едно од основните права на човекот е да може да зборува, да комуницира и да се образува на својот мајчин јазик. Нашиот обид беше да се создадеме здружение, организација на такви основи кое ќе се обиде да го зачува македонскиот јазик во Грција и на легален начин да се обиде да се воведе изучување на македонски јазик во грчките училишта таму каде што е тоа потребно. Тоа се заврши успешно и се согласувам дека е тоа многу важен настан. Како првично, задоволство ни е тоа што судските државни органи донесоа одлука да се регистрира здружение кое се занимава со македонскиот јазик. Тоа e голем успех, некогаш такво нешто беше недостижна цел. Сега има надеж дека македонскиот јазик ќе го слушнеме и во училиштата, изјави тогаш еден од основачите на Центарот.
Целата сторија на МКД.мк