Тројца припадници на безбедносните сили се загинати во судирите во државата Синалоа по апсењето на синот на озогласениот мексикански крал на дрогата, Ел Чапо.
In #Mexico, there were clashes in the streets between drug cartels and the security forces.
At least 27 people were wounded and one military officer was killed. pic.twitter.com/r4xNmRZGzM
— NEXTA (@nexta_tv) January 6, 2023
Веднаш по информацијата за апсењето на Овиедо Гузман Лопез, бесните членови на неговата банда поставиле блокади на патишта, запалиле возила а нападат е и локалниот аеродром.
Поради сериозноста на сите аеродроми во оваа сојузна држава се откажани повеќе од сто летови, а денеска сите училишта ќе бидат затворени.
Culiacan Mexico 🇲🇽 #OvidioGuzman pic.twitter.com/RSLGJWqcmq
— Javi🇨🇺 (@JaviXCubaLibre) January 5, 2023
Гувернерот на државата претходно изјави дека осумнаесет лица биле примени во болница со повреди од огнено оружје а бројот на загинати кај приврзаниците на Ел Чапо се уште е непознат.
Размена на истрели меѓу безбедносните сили и членовите на бандата се слушале во текот на целиот ден.