(ВИДЕО) Силно торнадо уништи цел град во Кина

0
314

На снимката што ја емитува кинеската државна телевизија „CCTV“ се гледа како торнадо со голема разорна моќ, го погодило градот Фошан на југот на земјата, и траело само една минута.

Тоа ги оштетило зградите, локална инфраструктура, куќите, возилата и електричната мрежа, а за среќа нема човечки жртви.

Торнадото било со голема разорна моќ и буквално уривало згради и далноводи, а има и фотографии од превртени автомобили, искршени дрвја и столбови.

 

brif.mk