Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да запре, бараме сите вработени во јавниот сектор да добијат зголемување на платите

На првиот ден од амандманската расправа мнозинството одби три клучни амандмани. Првиот беше за намалувањето на ДДВ-то на храната од 5% на 0%, вториот беше за издвојување на средства за акцизите и ДДВ-то за намалувањето на цената на горивото и третиот е суштинскиот амандман кои што беше одбиен. Беше одбиен амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, истакна Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Ние во текот на утрото како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на Комисијата за финансирање и буџет остваривме средба со Дарко Димовски и со делегација од Синдикатот на која што се договоривме дека особено внимание ќе посветиме на тој амандман.

За жал, мнозинството го одби и тука сакам да изразам жалење зошто се случи тоа. Ние потворно ќе оствариме средба со ССМ за да ги информираме зошто нивното барање е одбиено. Јас тука сакам да кажам дека веднаш по завршувањето на таа средба со ССМ, ние нема да запреме тука и повторно комисиски ќе поднесеме амандман за да може сите врабтени во јавниот сектор да добијат по 2806 денари заради тоа што тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени.

извор:ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ