Во Скопје се промовираше новата дигитална платформа за вести на турскиот јавен медиумски сервис – ТРТ Балкан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Промотивната програма се одржа во Куршумли Ан, на која присуствуваа амбасадорот на Туркије (Турција) во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок; претседателот на Управниот одбор на ТРТ, Ахмет Албајрак, генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, замениците на генералниот директор на ТРТ, Омер Фарук Танриверди, Мухамед Зијад Варол, Фетхи Фахри Каја и Мустафа Малкоч, како и политичари, претставници на турските организации и институции во земјата, како и други поканети гости.
Во овие рамки беа прикажани промотивни видеоснимки и репортажите подготвени од страна на ТРТ Балкан.
„Со вклучување на нашата дигитална платформа за вести ТРТ Балкан, ние додаваме нова димензија на тековните емитувања на ТРТ кои ги продолжува на 41 јазик и дијалект, вклучувајќи ги и оние од регионот. Преку отворањето што го одржавме во Анкара минатата недела, нашите дигитални вести, платформата ТРТ Балкан, му кажа „здраво“ на радиодифузниот живот. Покрај што ќе биде внатрешен глас со своите преноси на балканските јазици, ќе биде и новиот прозорец на регионот што се отвора кон Туркије и светот. Нашата платформа ќе ја следат стотици илјади кои мигрирале од Румелија, кои оставија дел од своето срце овде и мигрирале во Анадолија, и кои со интерес го следат Балканот“, изјави Собаџи.
aa.com.tr