Премиерот на Шри Ланка, Викремесинге: Економијата на земјата е целосно во колапс

0
313

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, соопшти дека економијата на земјата, која со месеци ја доживува најголемата криза во својата историја, е во колапс и дека не можат да платат ни за увоз на нафта, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Нашата економија е целосно во колапс“, рече премиерот Викремесинге во говорот во Парламентот, додавајќи дека Шри Ланка се соочува со сериозна ситуација од недостигот на гориво, гас, електрична енергија и храна.

Истакнувајќи дека дури и за увозот на нафта не може да се плати, Викремесинге рече дека Владата ја пропуштила својата шанса земјата да ја спаси од кризата.

Населението во земјата која се соочува со најголемата економска криза во својата историја, на крајот на март ги засили своите протести по прекините на струјата по 13 часа дневно.

На 9 мај дојде до судир меѓу демонстрантите собрани околу зградата на Кабинетот на премиерот и поддржувачите на Владата. Во главниот град Коломбо воените единици беа повикани на должност.

По зголемениот притисок од опозицијата, премиерот Махинда Раџапакса поднесе оставка на 9 мај и Владата беше распуштена.

Претседателот Готабаја Раџапакса на 12 мај за премиер го назначи Ранил Викремесинге, кој претходно беше премиер во три мандати.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).