(ФОТО) Меси на Ибица го прослави 35-от роденден

Вчера аргентинската ѕвезда Лионел Меси го прослави својот 35. роденден. Местото на прославата беше хотел на Ибица, а присуствуваа неговите најбилски пријатели.

Едни од гостите беа Луис Суарез, Сеск Фабрегас и Жорди Алба со нивните сопруги…Нивните пријателства се од времето кога имаа одлични моменти во Барселона. На прославата присуствуваше и Анхел Ди Марија кој го напушта ПСЖ ова лето.

Меси ќе потсетиме минатото лето ја напушти Барселона поради тешката финансиска ситуација во која се најдоа Каталонците и кариерата ја продолжи во Париз.

 

 

sportski.mk