Митева: Доколку навистина имало хибриден напад врз државата, владата мора да понесе одговорност, бидејќи истиот не бил спречен на време и државата била нападната

Македонија доживеа тотален дебакл и трајно нарушување на преговарачките позиции со Бугарија заради ненародната и неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ. Владата на СДСМ и ДУИ обвинува за хибриден напад, но не кажува зошто дозволила тој да се случи и зошто не бил спречен. Што точно подразбираат, Османи и Маричиќ под хибриден напад во државата?

Доколку навистина имало напад врз државата, доколку како што вели и Османи имало хибриден напад, тогаш и тој, и Маричиќ и Ковачевски мора да имаат одговорност, бидејќи истиот не бил спречен на време и државата била нападната. Дали владата на Ковачевски прави дефокус од одговорноста за продажбата на државните интереси?

Оваа власт континуирано го применува принципот „сите други се виновни, само ние не“. На Димитар Ковачевски за тоталниот неуспех во преговорите и неуспехот во распродажбата на државните интереси му се виновни експертите и граѓаните, на Бујар Османи и Бојан Маричиќ им е виновен хибридниот напад врз државата, истакна портпаролот од ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

СДСМ треба да знае дека најголемиот виновник за состојбите во кои се наоѓа Македонија е токму владата на Ковачевски. Најголемиот хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски.

Вчера и Османи и Маричиќ јавно признаа дека ја лажеле целокупната македонска јавност дека го немале видено и разгледано францускиот предлог.

Токму вчера излезе на виделина она кое што со денови го потенцираме, дека Ковачевски, Османи и Маричиќ го преговарале и договарале овој штетен предлог за Македонија повеќе од 6 месеци, кој на крај и го прифатиле, за подоцна да се повлечат поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.

Целиот план на Ковачевски, Османи и Маричиќ им бил преку блиц криг предлогот веднаш да помине во бугарското Собрание, што е одолговлечено поради оставката на бугарската Влада, а потоа и блиц криг операција за поминување на овој предлог во Македонија, преку креирање на еуфорија за почеток на преговорите.

Одговорност за овој целосен дебакл во процесот за преговори со ЕУ мора да има и за Ковачевски, и за Бујар Османи и за Бојан Маричиќ, одговорност и оставки за оваа трајна штета во преговарачкиот процес. Затоа изборите се единствено решение.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ