Левица-Прилеп дојде до фрапантни податоци за тоа како и за колку пари се копаат цели ридови и планини во Прилеп и околината. Овде не спаѓаат дивите концесионери кои зачестија а државата и општината не превземаат ништо за нивно санкционирање.
Сѐ е оставено на милост и немилост и волјата на министерот за Економија, Бектеши под чие министерство се издаваат дозволите и се води Регистар на доделени концесии за експлоатација на минерални суровини.
На нашето прашање: Листа на концесионери на минерални суровини на подрачјето на Општина Прилеп и висина на уплатени средства за 2021 година (под назив и висина на средства за секој одделно), Секторот за финансиски прашања и Сектор за урбанизам, коминални работи и заштита на животна средина на општина Прилеп, согласно доставените одговори нѝ ја проследи следната информација:
– Од страна на концесинери за минерални суровини во 2021 година има вкупно уплатено 75,555 евра за надоместок за концесии за експлоатација на минерални суровини (по основ на простор) ЗА ЦЕЛА ГОДИНА! Тоа ви доаѓа само 207 евра дневно за сите рудници за мермер, гранит, оникс и слично.
– Додека вкупно 693,783 евра се прибрани ОД СИТЕ КОНЦЕСИОНЕРИ ЗА ЦЕЛА 2021 година за надоместок за концесии за експлоатација на минерални суровини (по основ на експлоатирана минерална суровина), или само мизерни 1,900 евра на ден.
– Само 2,107 евра на ден се слеваат во општинската каса од сите рудници и ова е еден преседан, ако се знае дека само еден рудник копа и по 100,000 евра мермер на ден а притоа грото е пресметуван како ниска “Ц” класа.
Со оглед на тоа што овие претоварени камиони поминуваат и низ централното градско подрачје а полицијата не ги отстранува од сообраќај, притоа произведувајќи звучно и воздушно загадување, го кочат нормалното одвивање на сообраќајот, се оштетуваат бројни улици кои потоа народот го плаќа нивното санирање.
Десетици куќи се распукани од потресите, ја загрозуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот, не користат филтри, непотребните минерали ги исфрлаат на државно земјиште, а надлежниот инспекторат не реагира на сето ова гореспоменатото, ние, Левица сме приморани да излеземе со решение за кое подетално ќе бидете запознати во наредниве денови.
ЛО Левица Прилеп