Петков: Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада

0
312

Северномакедонци станавме сме и за Бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков. Тој објаснувајќи дека одредени партии во Македонија се бунеле против францускиот предлог, кажа дека тие партии биле северномакедонски, а не македонски.

-Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада. Ако Cеверна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Cеверна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес. Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и за дискриминацијата. Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Cеверна Македонија, изјави тој.

Петков потврди дека тој повторно ќе биде кандидат за премиер на Бугарија, откако претходно најави дека ќе се обиде да формира ново владино мнозинство со независни пратеници.Ова го соопшти и еден од неговите најблиски соработници, Мирослав Иванов.

фото: Архива