Ковачевски и Османи трајно ги нарушија Македонските позиции, и ја ставија државата во ризик од хибридни напади, за кој не кажуваат од што се состои, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
190

Ковачевски и Османи трајно ги нарушија Македонските позиции, и ја ставија државата во ризик од хибридни напади, за кој не кажуваат од што се состои. Со преговарањето и договорањето на последниот предлог Ковачевски и Османи трајно ги нарушија преговарачките позиции на државата. Секои идни преговори ќе тргнуваат од почетната точка опфатена во предлогот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Со криење од јавноста, од експертите, од академската заедница и од парламентарните партии тие ја донесоа државата во опасност. За потоа да измислуваат наводни хибридни напади, за кои не кажуваат од што се состојат, кој е одговорен и зошто не преземале ништо.

Ковачевски и Османи наместо да продолжат со молчење да кажат од кого е нападната државата и зошто не го спречиле тоа, ако тоа се случило?

Власта да не бега од одговорност. Тие 6 месеци тајно преговарале и носат вина за нанесување на трајна штета на државата и нејзините преговарачки позиции, но и за неуспехот кој државата го има на патот кон ЕУ.

Ковачевски, Османи и целата влада треба да си заминат. Потребни се избори веднаш.

извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива