На Исланд е изграден нов и, според многумина – неверојатен станбен проект, во облик на превртен контејнер. Куќата наречена „Бруталист хаус“ има два ката и површина од 750 квадратни метри.
На приземјето има дневна соба, бања, трпезарија и кујна. Креативноста во дизајнот е очигледна на терасата, што нуди фантастичен поглед, посебно во раните утрински часови… Последно, но не и најмалку важно, третиот кат содржи фасцинантна главна спална соба и посебна врата зад којашто може да се скокне во спектакуларен панорамски базен во топлите летни денови, што го прави непроценливо место за престој и одмор.
Од основањето на компанијата „Ел-вај-екс аркитект“, таа е своевиден пионер во областа на архитектурата работејќи големи проекти во различни концепти, почнувајќи од висок стил и дизајн, движејќи се кон исламската архитектура во декорацијата комбинирајќи ја со модерен дизајн – со цел уметничка целина.
Новиот концепт денес се оценува како дел од тн. „брутализам“ создаден од инженерот Ле Корбизје во 1952 година.
ulica.mk