(ФОТО) Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија доби “Љубовен пасош” од Дац и Александар

Денес, популарното музичко дуо Дац и Александар ( Драган Спасов Дац и Александар Митевски) во рамките на нивниот проект “Љубовен пасош” остварија средба со неговата екселенција Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, г-дин Драган Јаќимовиќ, кој ја почитува и слуша нивната музика, пишуваат на својот ФБ профил драган Спасов Дац и Александар Митевски.

Во продолжение на објавата тие додаваат:

Во текот на срдечната средба, Дац и Александар на амбасадорот му подарија “Љубовен пасош”, патна исправа која ја добиваат луѓе од регионот кои шират љубов и позитивна енергија, ги поврзуваат народите и со уметноста и културата градат мостови кои поврзуваат.
Во текот на средбата тие договорија нивно гостување наесен во Р Босна и Херцеговина, специјална музичка македонско- босанска вечер за сите “души боемски”. Во план е и Дац и Александар да снимат и дует со една позната босанска ѕвезда и заедно ќе отпејат една македонска и босанска песна во рамките на нивниот “Љубовен пасош”

извор: ФБ Дац & Александар

фото: Дац & Александар