Во Токио забележана највисоката температура во јуни во последните 147 години

Во Токио денеска е регистрирана највисоката температура во јуни во последните 147 години, објави Метеоролошката канцеларија на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Јапонскиот главен град е погоден со силен топлотен бран, со температура која достигна 36,4 степени Целзиусови.

Тоа е највисоката температура забележана во јуни според достапните податоци од 1875 година.

Порастот на температурите доведе до зголемување на употребата на системи за ладење.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).