Јужно од Хонгконг потона брод, непозната судбината на повеќе од 20 членови на екипажот

Брод за индустриска поддршка во кој имало 30 членови на екипажот потона во Јужнокинеското Море, соопштија денес спасувачките екипи во Хонгконг, известува Агенција Анадолија (АА).

Властите испратија авиони и хеликоптери за спасување на членовите на екипажот. Засега се знае дека најмалку три лица се спасени, додека судбината на преостанатите не е позната.

Несреќата се случила на околу 300 километри јужно од Хонгконг.

Властите на Хонгконг не го наведоа името ниту потеклото на бродот што потона во текот на силниот тропски тајфун Чаба, кој донесе силни ветрови со максимална брзина од 110 километри на час.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).