Голем скандал се случил во српската престолниба Белград, откако на еден сплав се степале поранешните репрезентативци на Србија, Александар Пријовиќ и Дѐушко Тошиќ, сопругот на турбофолк ѕвездата Јелена Карлеуша.
Пријовиќ е фудбалер на Вестерн јунајтед во Австралија, додека Тошиќ ја заврши кариерата и сега работи како менаџер, а според српските таблоиди хаосот се случил на сплав после полноќ, откако двајцата фудбалери се нашле на ист место.
Пријовиќ бил во придружба на три девојки на сплавот, каде веќе бил Тошиќ и веднаш кога се виделе, екс-репрезентативците на Србија почнале вербално да се препукуваат пред стотината луѓе во нивното опкружување, а набрзо сѐ прераснало во физичка пресметка.
Напаѓачот со три-четири удари го нокаутирал Тошиќ, по што реагирало обезбедувањето.
Според српските медиуми причина за оваа нетрпеливост е пропаднат трансфер на Пријович, кој наводно Тошиќ му го упропастил, по што напаѓачот отворено му се заканил дека првиот пат кога ќе се сретнат ќе го претепа.
sport1.mk