Хана објави фотографии неколку дена пред породувањето!

ХАНА Хуљиќ Грашо одбројува до породувањето и не ја симнува насмевката од лицето. Сопругата на Петар Грашо и нејзината најдобра пријателка Доменика Жувела објавија нови фотографии на кои позираат одлично расположени. Девојките позираа на лулашка, а фотографијата ги воодушеви и обожавателите на Доменика и на Хана.

Хана Хуљиќ треба да се породи до крајот на овој месец. Таа и нејзиниот сопруг Петар Грашо чекаат девојче кое треба да се вика Алба.

„Сè уште не сме купиле сè, има уште малку време, а најмногу го имам од неговата сестра. Не треба да го пренатрупаме“, изјави Хана за RTL Exkluziv минатиот месец.

“Јас ја поднесувам бременоста како и секоја друга трудница. Се е во ред”, додала таа.

 

index.hr